НОВО!!!

ИНТЕНЗИВ ТРЕНИНГ ЗА „РАБОТАТА“ НА БАЈРОН КЕЈТИ“

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА БАЈРОН КЕЈТИ „ДА СЕ САКА ТОА ШТО Е““


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ НОВАТА КНИГА НА АНИТА МУРЏАНИ „ШТО АКО ОВА Е РАЈОТ?“


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ КОРМИЛАР НА ДУШАТА


Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ СВЕТОТ ВО МЕТЕЖ


Дали е ова почеток на крајот? Дали сме сведоци на крајот на светот онаков каков што го знаеме, а да не сме ни свесни за тоа?

Повеќе...

НОВО!!!


ИЗЛЕЗЕ ЈАС МОЖАМ


Детски песни за развој на позитивни навики, верувања и вредности

Повеќе...

Чекорите низ животот со одреден идентитет, одредено име, размислувајќи за себеси како за посебен ентитет, одвоен од сe и од секој друг... но на едно подлабоко ниво, во својата суштина сепак се прашувате кои сте и што сте...

Повеќето луѓе никогаш и не го откриваат тоа. Го живеат животот, ден за ден, работејќи ја својата работа... комуницирајќи со другите... играјќи ја својата улога...

Свесен или разбуден човек е оној кој разбира дека тоа не е сe од животот... дека тоа не е сe од она што сме или што можеме да бидеме... дека е само дел од приказната...

Што правиме ние тука? Зошто сме овде? Која е всушност нашата улога во овој свет?

Што ако светот не е само она што го гледаме околу себе?

Што ако сме ние нешто многу, многу повеќе од она што го знаеме за себе?

 

ШТО АКО НЕКОИ БИТНИ РАБОТИ ВО ВРСКА СО НАШИОТ СВЕТ НЕ СЕ ОНАКВИ КАКВИ ШТО ГИ ЗНАЕМЕ?

 

Дојдени сме на Земјата да бидеме креатори. Креатори на сопствениот живот и ко-креатори на нашата заедничка реалност во која постоиме.

Колку и да не ви изгледа така, ние тоа го правиме. Ние креираме со помош на мислите. И тоа го правиме постојано, без разлика дали сме свесни за тоа или не.

Дали креираме она што го сакаме е друго прашање.

Целта на оваа книга е да ви помогне да ја „видите“ вашата поврзаност со универзалната енергија, со интелигентната креативна супстанција која го сочинува универзумот. А потоа да ви ги покаже „копчињата“ на контролната табла.

За конечно да станете свесни креатори на својот живот, наместо несвесно да креирате она што не го сакате!

Овде ќе ги пронајдете делчињата од сложувалката кои ви недостасуваат за да ја оформите сликата за тоа кои сте, зошто сте тука и која е вашата цел.

И тогаш, вистинската забава може да почне...

Животот е подарок. А подароците се за да им се радуваме!

Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата
Нарачајте ја книгата